Дачиќ и Димитров се среќаваат во Ниш на прва средба по дипломатската криза
Министрите за надворешни работи на Србија и Македонија Ивица Дачиќ и Никола Димитров денес ќе се состанат во Ниш прв пат по дипломатската криза која е обелоденета со повлекување на персоналот од Амбасадата на Србија на консултации во Белград.
Вчера попладне српската амбасада во Скопје продолжи со работа, бидејќи целиот персонал се врати од консултации во Белград.
Амбасадорката пак како што пишувавме ќе се врати на долност и на свои редовни активности во наредните неколку дена.
По враќањето во Скопје, амбасадорката ќе бара средба со премиерот Заев.
„Унапредување на односите“
Врз основа на договорот меѓу српскиот претседател и македонскиот премиер, министрите за надворешни работи, Дачиќ и Димитров, и двете министерства по пат на дијалог ќе ги решаваат сите отворени прашања, со цел унапредување на пријателските односи мешу двете земји. Ова го соопштија и од македонското и од српското министерство.
Српскиот претседател претходно рече дека повлекувањето на дипломатите следи откако од надлежните разузнавачки органи „се добиени доволно докази за многу офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија“.
Македонскиот министер за надворешни работи претходно рече дека македонската валда не наложила разузнавачки акции против органите и институциите на Србија.
Ивица Дачиќ претходно пак изјави дека одлуката за повлекување од српската амбасада,е всушност, порака до Скопје дека „се знаат и што договорале и што договориле“.
Вучиќ и Заев во телефонски разговор ги договорија во пет точки принципите на идната соработка.
Вучиќ пак упати повик до Македонија за заедничка седница на двете влади.
