Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЧИЌ ДО МАКЕДОНИЈА: За албанските терористи и воени злосторници не важи меѓународната правда, кога убиваат Срби

ДАЧИЌ ДО МАКЕДОНИЈА: За албанските терористи и воени злосторници не важи меѓународната правда, кога убиваат Срби

Србија бара објаснување од Македонија за бегството на Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК. 

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, побара објаснување од македонските власти за бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, од домашен притвор во Скопје. Вели дека неговото бегство е скандалозно, затоа што, како што нагласи, станува збор за лице што извршило злосторства врз Србите во Косово.

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК, кој извршил злосторства врз Србите во Косово и кого Србија го бара со потерница, со цел да го изведе пред суд. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој што е уапсен по наша, меѓународно важечка потерница, да побегне од домашен притвор. Или за албанските терористи и воени злосторници не важи меѓународната правда, кога убиваат Срби, сè им е дозволено и простено“, вели Дачиќ.

Српскиот министер Дачиќ, во текот на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули, побара од нашите надлежни органи да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија. 

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски изјави дека не поднесува објаснување пред никого.

„Ве молам, да не дозволиме нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку, јас не поднесувам објаснување пред никого. Можеби, еден ден, пред еден што никој не го гледа“, изјави Мицкоски.

Koсовците уште вчера се пофалија дека Рамадани е на Косово. 

Слично

Поврзани вести