Дабиќ: Неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!
Зоран Дабиќ, претседател на Македонски Дипломатски Синдикат вели дека Министерството за надворешни работи(МНР) му подготвило дисциплинска постапка.
Вели дека дисциплинската е затоа што говорел за состојбите во македонската дипломатија. Додава дека заплашувањето и натаму продолжува и бара поддршка од народот.
„Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува“, пишува тој во своето отворено писмо.
Дабиќ присуствуваше на протестите против францускиот предлог и таму говореше што се случува со македонската дипломатија. Дабиќ порача дека ни требаат компетентни дипломати. На протестот кажа дека министерот Бујар Османи го киднапирал МНР.
фото принтскрин
