Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА ЗАПРЕ НАСТАВАТА ВО УЧИЛИШТАТА - препорачала Комисијата за заразни болести

ДА ЗАПРЕ НАСТАВАТА ВО УЧИЛИШТАТА - препорачала Комисијата за заразни болести

На последниот состанок на Комисијата за заразни болести каде што учествувале претседателот Миле Босилковски и други врвни лекари и стручњаџи, како единствена точка на дневен ред била состојбата со коронавирусот и активностите за превенција.  

Се заклучило дека е потребно проширување на досегашните мерки и се донеле следниве заклучоци, кои ќе и се препорачаат на Владата, а таа би требало да ги разгледа на денешната седница.

Овие заклучоци засега не се на ниво на официјални, но нашата редакција дојде до нив и ги објавува во интерес на читателите. 

Ова се препорачаните заклучоци:

Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високо образовни институции, како и дтеските градинки да запрат со одвивање на наставно воспитниот процес во тек на наредните 14 дена.

Второ, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на земјава, а спортските настани да се одвиваат без публика. 

Трето, се водевува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните држави во период од 14 дена.

Четврто, се забранува извоз на медициснак опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од земјава, освен со посебна дозвола која ја издава министерството за здравство. 

Петто, се препорачува на возрасните и повисоко ризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

Шесто, се препорачува избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик - вработени во јавните здравствени установи кои се ангажирани за потребите на изборниот процес да бидат изземени од понатамошно учество и да бидат заменети со други лица. 

Седмо, листата на земјите од висок и среден ризик ќе биде поставена на веб страната на МЗ и истата ќе биде секојдневно ажурирана.

Тие што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании. 

Слично

Поврзани вести