ДА ВЛОЖЕВТЕ, СЕГА ЌЕ ЖАЛЕВТЕ: Биткоинот со нов голем пад, еве колку вреди сега
Биткоинот денес изгуби уште 13 отсто од вредноста, спуштајќи се на ниво под 6 000 долари, со што најпознатата светска виртуелна валута од почетокот на 2018-та година изгубила повеќе од 50 проценти од вредноста.
Биткоинот бележи силен пад во последно време поради стравот од регулаторните ограничувања најавени во многу земји кон овој пазар во подем, што предизвикало паника меѓу инвеститорите кои прибегнале кон распродажба на валутата соборувајќи и ја цената.
Оваа виртуелна валута во декември достигна цена од скоро 20 000 долари.
На Луксембуршката битстамп берза, биткоинот утрово е тргуван за 5 920 долари, што е негова најниска цена од средината на ноември, пред да се опорави малку.
Другите дигитални валути оваа година исто така значајно ослабнаа.
