„ДА ВИ КАЖАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ ДА ЛЕЖАМ ЗАТВОР...“ - Горан Ангелов Ќосето со остра реакција за укинувањето на притворот на Јахоски
Горан Ангелов-Ќосето, еден од осудените за случајот „27 април“, преку фејсбукл искажа остра реакција од фактот што е ослободен Асмир Јахоски, по вчерашната информација дека неговата милионска гаранција се прифаќа од правосудните органи на земјава и нему му се укинува мерката притвор, но тој ќе има обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основен кривичен суд Скопје, и привремено ќер му биде одземен постојнипот пасош, со забрана за издавање на нова патна исправа Како што е познато, Ќосето е осуден за „27 април“, случај за кој во затвор помина осум години досега. Неодамна излезе од затворот врз основа на потребно лекување, и тоа за повеќе констатирани дијагнози.
„Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор, кога ќе прдне Тито! Доста скапуваме осум години по зандани. Чисто да си знаете!“, напиша Ангелов.
Како што е познато, осудените за „27 април“ бараа повторно судење, со образложение дека не се терористи.
