„Да си ја зачуваме традицијата со верување, љубов и простување“: Милошоски сподели дел од празничната атмосфера
„Годинава Дариа е најсреќната. Да си ја зачуваме традицијата со верување, љубов и простување. За многу години!“ - напиша пратеникот Антонио Милошоски до фотката од „амкањето“ по повод Прочка.
Милошоски е познат по тоа што ја негува македонската традиција на многудетни семејства, а во духот на денешниот празник „Прочка“, за најмалите членови во семејството имало и „амкање“.
До фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи, пратеникот накратко напиша:
„На Прочка за дечињата амкање на јајце. Годинава Дариа е најсреќната. Да си ја зачуваме традицијата со верување, љубов и простување. За многу години!
Антонио и неговата сопруга Симона се горди родители на пет дечиња.
Покрај најмалиот син Филип, ги имаат ќерките Дариа, Михаела, Илина, како и поголемиот син Давид кој Антонио го има од првиот брак.
Извор: Женски Магазин
