Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА СЕ ЗАОБИКОЛУВААТ УЛИЦИТЕ ВО БЛИЗИНА НА ТРЕСКА: Градоначалникот Герасимовски повикува да не се прави уште поголем метеж каде што се гаси пожарот

ДА СЕ ЗАОБИКОЛУВААТ УЛИЦИТЕ ВО БЛИЗИНА НА ТРЕСКА: Градоначалникот Герасимовски повикува да не се прави уште поголем метеж каде што се гаси пожарот

Градоначалникот на Општина Центар во објава на ФБ посочува дека се формира и кризен штаб со цел поддршка на акцијата за гаснење на пожарот кој денеска избувна во поранешната фабрика Треска. Истовремено, апелира до граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот заради големата гужва.

Во моментов екипите на противпожарна служба со шест возила се на терен, поддржани од МВР и се борат со големиот пожар кој зафати дел објектите во „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите. Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата. Заради настанатиот метеж во овој дел апелирам оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот.



Слично

Поврзани вести