Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се воведе негативен тест за влез во Македонија, бара ВМРО-ДПМНЕ

Да се воведе негативен тест за влез во Македонија, бара ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара негативен тест за влез во Македонија. 

Поранешниот директор на Центарот за белодробни заболувања, Оливер Зафировски, денеска побара негативен ПРЦ тест за влез во Македонија, тестирање и контрола на сите кои преминуваат границата.

„Во време кога десетина пациенти веќе се лекуваат од брзорастечкиот делта-сој и кога земјите од светот размислуваат целосно да ги затворат границите, власта во Македонија се однесува неодговорно. Сосема е нејасно зошто и Македонија не воведе мерки за влез и тестови за тестирање на сите кои влегуваат на македонска територија, без разлика дали е тоа по некој од патните коридори или на аеродромите“, рече тој.

Зафировски  бара уште помасовна вакцинација, за наесен да не се појави бран со многу заразени. 

Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста за рестриктивни мерки.  Досега се откриени десетина случаи на делта сој во земјава. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести