ДА СЕ ТРГНЕ БЛОКАДАТА: Австрија нема разбирање за однесувањето на Бугарија кон Македонија
Оптимизам за решавање на спорот кој Македонија ја кочи на патот кон ЕУ има кај вицепремиерот Димитров, и барање за тргање на блокадата од Бугарија, побараа вчера министрите на Австрија.
Каролине Едштадлер која е австриска министерка за за Европа и Устав, нема разбирање за блокадите кои ги поставува соседна Бугарија. Токму таа, им прати порака на соседите, отпорот да го завршат поскоро со цел Македонија да ја има првата меѓувлададина конференција со ЕУ за време на португалското претседателство, а која завршува на 1 јули.
-Искрено немам разбирање за тоа дека Бугарија продолжува да блокира. Македонија е земја кандидат за пример, и јасно порачувам брзо да се завршат преговарачките рамки, бидејќи колку повеќе одложуваме толку поголеми губитници сме, порача Едштадлер.
Она што австриската министерка го додава е дека европската перспектива и ЕУ нема да биде комплетна без Западен Балкан , и дека сакаат Македонија д абиде вклучена во следната конфернеција.
Од друга страна, Димитров во име на Македонија искажа благодарност за поддршката од Виена, посочувајќи го трнливиот пат на земјава кон европската интеграција.
Вицепремиерот се согласил со австриската министерка дека е доста одложување.
