Да се разреши Одборот на директори на Македонски Телеком, Владата со нов предлог
Владата на Република Македонија достави предлог до Македонски Телеком за избор на нови членови на Одборот на директори, додека пак повеќето актуелни членови треба да се разрешат.
На владина седница е одлучено разрешени да бидат Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев.
На нивно место Владата во Одборот на директори на Македонски Телеком ги предложи Горан Трајановски кој истовремено треба да биде избран и за Главен оперативен директор на друштвото, потоа Сашо Велевски, Замир Мехмети за неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска за неизвршен независен член, Анета Симеска и Назим Буши кој треба да биде реизбран.
Трајановски има долга кариера во Македонски Телеком на различни позиции и учествувал во реализација на повеќе проекти. Тој има дипломирано на Електротехнички факултет Скопје како инженер по електроника и телекомуникации, а магистрирано Технички универзитет Габрово за индустриски менаџмент.
Трајановски бил дел и од владините тела, назначен за помошник министер за информатика и телекомуникации, државен советник за информатика и телекомуникации во МВР и основач е на две приватни фирми.
