Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ: Петличковски препорачува и забрана за прием во градинките на невакцинирани деца за пертусис

ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ: Петличковски препорачува и забрана за прием во градинките на невакцинирани деца за пертусис

Во Македонија во моментов има 18 случаи на голема кашлица. Тоа, како што изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, се засебни случаи и токму тоа е причина да се прогласи епидемија на територијата на град Скопје, за да не се дозволи да се појават кластери.

-Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје. Прогласувањето на епидемија ќе ни даде можности многу полесно да ја ублажиме ситуацијата, еве веќе гледаме дека дневно имаме два нови случаи пријавено се засилува. До каде ќе оди не знаеме. Ова е вистинското време да преземеме некои конкретни чекор. Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста големи кашлици. Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини, изјави на денешната прес-конференција д-р Петличковски.

Истовремено, Комисијата за заразни болести препорача и да се забрани приемот во градинките на невакцинираните деца.

-Ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар да го направат тоа. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација, нагласи д-р Петличковски.

Заразноста не е долга и трае од 5 до 6 дена, појаснува Петличковски, а инкубацискиот период може да се движи од 7 дена до 21 ден.

– По започнување на антибиотска терапија, затоа имаме и таква препорака, потврдените случаи да останат т.е. да бидат изолирани, тоа не е задолжителна изолација, тоа е препорака да не се мешаат со други луѓе пет дена после започнувањето на антибиотската терапија, појасни Петличковски.

Додава дека матичните лекари и специјалистите ќе добијат упатства според препораките на СЗО преточени од Институтот за јавно здравје за упатување за тестирање на сомнителните случаи и дека во моментов има доста тестови на располагање.

Овие препораки, како што рече претседателот на Комисијата за заразни болести, ќе се достават до Министерството за здравство, а потоа Владата треба да ја донесе мерката. Ова всушност значи дека градинките нема од утре да престанат да примаат деца кои не се вакцинирани против големата кашлица.

А. Б. 

Слично

Поврзани вести