ДА СЕ ПОЧИТУВА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ИЗДАДЕНА ОД МВР: Оштетен е патот во Галичник
Патот во селото Галичник е оштетен, информираа од месната заедница.
Соопштија дека на терен излегоа претставници од Инжинерискиот полк на АРМ, инжинери од Општина Маврово и Ростуше, стручни лица од ЈП за државни патишта, професори од Градежниот факултет, како и реномирани компании и експерти од областа. Според нивните наоди, станува збор за одрон, а не за свлечиште како што првично се стравуваше и за истиот се изготвува проект за санација.
„Во координација со сите надлежни страни, веќе се работи на изработка на безбедно и трајно решение, кое ќе биде реализирано во најкус можен рок. Апелираме до сите посетители строго да ја почитуваат забраната за движење издадена од МВР, сè до повторното безбедно отворање на патот“, соошпштија од МЗ Галичник.
Оштетувањето е сериозно и опасно.