Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се одложат изборите, бара ДИК

Да се одложат изборите, бара ДИК

Државната изборна комисија апелира до политичките партии да се одложат предвремените парламентарни избори, коишто се закажани за 12. април.

Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот, побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 идниот месец.

Тие  укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Членовите на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал. 

Слично

Поврзани вести