Да се формира анкетна комисија за пожарот во Тетово, бара ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се формира анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово.
Тие уште еднаш побара оставки од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
„Очигледно, во нив нема ниту доблест, ниту грижа на совест, ниту искреност. Во нив нема никакво чувство на одговорност за трагедијата која што се случи во Тетово. Наместо одговорност и одговори, повеќе од 10тина дена гледаме како власта од петни жили, на секој можен начин се труди да го заташка целиот случај. 14 лица, 14 наши сограѓани ги загубија своите животи, а на Зоран Заев и Венко Филипче око не им трепнува. Без нималку срам ја замајуваат јавноста неколку дена со измислената оставка на Филипче, за потоа да се преправаат како ништо да не се случило, се однесуваат како да нема 14 црно завиени и ожалостени семејства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓани на Тетово протестираа и бараа правда за загинатите. Заев кажа дека откако ќе ги има сите детали, ќе донесе одлука за оставките.
