Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се циганчиш е да си скржав како Циган - навредливи толкувања во новиот дигитален речник

Да се циганчиш е да си скржав како Циган - навредливи толкувања во новиот дигитален речник

Бура од реакции од Ромите, ромските здруженија, но и генерално јавноста предизвикаа зборови кои се вметнати во новиот Дигитален речник по што Владата одлучила да ги тргне зборовите и објаснувањата за нив од овој речник. Станува збор за зборовите циганче, поцигани, циганчи се, циганштилак и некои други чии толкувања имаа навреди кон ромската популација.

„Овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање. Бараме овие зборови да бидат тргнати од дигиталниот речник, реагираа вчера од здружението Аваја.

Циганчи се - појаснува скржавост од предрасуди како особина на Циган. Се циганчи за еден грош.

Циганштилак - скржавост, ситничавост. Му пречеше неговиот циганштилак, стои во речникот.



На нивната објава на фејсбук синоќа се нижеа негативни коментари и осуди кон речникот и објаснувањата, по што за некое време од Аваја соопштија дека од Владата ги информирале дека зборовите ќе бидат извадени.

„Институтот за македонски јазик ги разбира реакциите на ромската заедница и информира дека зборовите ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“.  Од Владата информираат дека претставници на Владата и од МОН стапија во контакт со редакцијата на “Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш било покажано разбирање и согласност зборовите што ги предизвикаа реакциите да бидат повлечени. Стручниот тим на речникот во наредниот период ќе изврши ревизија на лексемите во речникот и ќе следи процес низ кој зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст, соопштиле од Владата. 

Станува збор за нов дигитален речник кој го пормовираше вчера Владата - www.makedonski.gov.mk.

А.Т.

Слично

Поврзани вести