Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Да речеш дека СДСМ давала пари на Тамара за академска работа е исто ко да речеш дека ВМРО ни го плаќа породилното“: Апасиев распали

„Да речеш дека СДСМ давала пари на Тамара за академска работа е исто ко да речеш дека ВМРО ни го плаќа породилното“: Апасиев распали

По објавите на претставници на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзано со трошењето на европски пари, во кои посочија дека СДСМ ја финансирале сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку Националната агенција за „Еразмус+“. 

По прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој обвини дека ова укажува на соработка меѓу двете партии, иако јавно се претставуваат како спротивставени, реагираа и од Левица, но и самиот лидер Апасиев. 

- ВМРОВЦИ, ВИ СЕ СМЕЕ ЦЕЛА АКАДЕМСКА ФЕЛА

ДПМНЕ, со сиот памет, преку полуписмениот Миле Лефков (кој btw уште е борчлија кај газда Деко од дискошталата во Кочани за гага пиење) - денес одржале прес-конференција на која ја спомињале жена ми за учество во европски Еразмус проекти, ваљда на Универзитетот во Јанина (Грција) - платени не со македонски/буџетски, туку со европски пари!?  

Ах бре торлак. Да речеш дека СДСМ давала пари на Тамара за академска работа е исто ко да речеш дека ВМРО сега ни го плаќа породилното за детево, оти директорот е од вашата партија!? Ама багра вмровска - толку конта, толку разбира - напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Потоа дополни „а шта се тиче до Жена ми - она, куриња, е по мада-фака од многу ваши штабски професорчиња споспикани по факултетиве со купените дипломи. Службено прошетала цела Европа и пола свет! Била визитинг професор во Шпанија и Бања Лука, течно говори три светски јазика (ниво C1), има објавено преку сто трудови (многу со импакт фактор), автор е на рецензирани книги и учебници по маркетинг и е член на мал милион уредувачки одбори на симпозиуми, конференции и научни списанија низ цел свет. Не е ова од вашите „селски учителки" шо си ги фаќате за швалерки откако ќе ги вработите, ви текнуе“. 

- Затоа, ој таму легнете си со жените и не паламудете ногу низ етеров, оти само покажувате дека немате врска од академска работа. Затоа, го молам присутниот вмровски џган, да не се бламира поише и у иднина да не не' става в уста. 

p.s. А на Милета, кажете му дека "ЕраЗмус" на латински се пишуе со С - напиша Апасиев на социјалните мрежи. 



Слично

Поврзани вести