Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да паднат маските по Василица: Милошоски ги кани Османи и Димитров на собраниска комисија

Да паднат маските по Василица: Милошоски ги кани Османи и Димитров на собраниска комисија

Време е да паднат маските после Василица, вели пратеникот Антонио Милошоски и како претседател на собраниската комисија за надворешна политика ги кани министрите Бујар Османи и Никола Димитров да се појават во Собрание. Тие, како што вели се должни да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот. 
„Тогаш низ сериозна дискусија ќе се знае дали има достоинствен излез од овој ќорсокак, дали некој на Македонија и подготвува ново анекс-предавство, и кој ќе поднесе оставка затоа што нефункционалниот Договор наместо датум ни донесе вето на патот кон ЕУ, вели Милошоски.
Тој смета дека во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станале толку нетранспаренти, што јавноста била збунета и не знае дали на Договорот за добрососедство му се подготвува нов анекс, нов акционен план или ново понижување, како што вели.
„Оние уверувања дека потпишувањето на Договорот ќе ги решело сите спорови меѓу Македонија и Бугарија и ќе ги отворело портите на ЕУ, што пред 4 години ни ги даваа Заев и Димитров, денес се претворија во обвинувања за тоа кој сосед има поголема вина и за колку нови спорови се преговара. И се додека за македонско-бугарските преговори се одбегнува институционална расправа во Собранието, се повеќе истите ќе наликуваат на приватни пазарења на Заев со Борисов, на Бујар со Захариева или на Димитров со Каракачанов, вели Милошоски.

Слично

Поврзани вести