Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДА, ОВА Е МОЈОТ ПИШТОЛ И МОЈАТА ТАШНА“: Салиу ја потврди веродостојноста на фотографијата што се споделува на социјалните мрежи

„ДА, ОВА Е МОЈОТ ПИШТОЛ И МОЈАТА ТАШНА“: Салиу ја потврди веродостојноста на фотографијата што се споделува на социјалните мрежи

На социјалните мрежи деновиве се споделуваше фотографија од пиштол и ташна, за кои се тврдеше дека му припаѓаат на новинарот Фуркан Салиу. 

По тој повод се огласи тој.

„Да, можам да потврдам дека ова е мојот пиштол и мојата ташна.

Сакајќи да ми наштетат, да ме прикажат како насилник они ми прават услуга.

Го потврдуваат тоа што јас го зборувам уште од првиот ден... Дека пиштолот е најден во приватна ташна и приватно возило а не во мене.

Дали мислите дека случајно е исечен делот кај шаржерот?

Сакајќи да му помогнат на министерот само докажуваат дека #МВР стана обична чајџилница каде што секој може да отвори било каков предмет и да дојде да ве рекетира.

НЕМА ШТО ДА СЕ КРИЕ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ! ОБЈАВЕТЕ СЕ, ПА АКО МОРАТЕ И НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ“, напиша тој на фејсбук.


Слично

Поврзани вести