ДА ОСТАВИМЕ МОРЕТО ДА СИ ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА И ДА НИ ГО ВРАТИ - потрагата по Мартин прекинува, но случајот нема да се затвори
Невладината грчка организација ОФКАТ се откажува од потрагата за Мартин Јовановски, кој исчезна во водите кај одморалиштето Посиди на Халкидики.
„Денес се одбележуваат 20 дена без Мартин. !!!
Напорите да го лоцираме цело ова време за жал беа бесплодни иако ги „измешавме“ морето, копното и небото, а беше обезбедена помош и од сите државни субјекти!!!!
Мартин не му „припаѓа“ на морето. Мартин припаѓа на земја и таму треба да се „врати“ во одреден момент.
Па да го оставиме морето неколку дена да си ја заврши „работата“ со надеж дека во некој момент ќе ни го врати.
Се согласуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се "затвара".!!!
Впрочем, дадовме ветување на мајка му Лидија и на братот на Горан Јовановски дека ќе го најдеме Мартин!!
Истрагите сега продолжуваат во... "друго" ниво .!
Фактор веќе објави дека повеќе од половина месец нема трага од младото момче Мартин Јовановски од Скопје, кое исчезна во водите на егејското море. Двајцата другари на Мартин беа пронајдени набргу, односно 20 часа откако морските струи ги повлекоа во морето во Посеиди на Халкидики.
Во потрагата беа вклучени авиони, кучиња трагачи, дронови, но засега безуспех.
Претходната недела мал знак на надеж дадоа најдени панталони како оние кои ги носел Мартин последниот ден пред да исчезне.
Од Америка во Грција дојде и братот на Мартин кој исто така им се придружи на екипите на Офкат во потрагата.
