Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да очекуваме ли неславни илјадарки: Бројот на новозаразани и починати драматично расте

Да очекуваме ли неславни илјадарки: Бројот на новозаразани и починати драматично расте

Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот се регистрирани 934 новозаразени со коронавирусот од 2748 тестирања, што е најголем број на инфицирани во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Пет лица починати, а 434 се оздравени. Од почетокот на пандемијата во земјава, според статистиката на Министерството за здравство од коронавирус починале 982 пациенти. Земјава се приближува до илјада починати, што би значело и преминување на психолошката граница, а и аларм за здравствените власти. 

Значајно расте и бројот на новозаболени во еден ден, па не се исклучува да се остварат предвидувањата дека на дневно ниво може да се очекуваат и над илјада новозаразени.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на скопскиот аеродром, при примањето на донацијата од 60 респиратори од НАТО, изјави дека очекува резултатите од новите мерки да дојдат по три до четири недели.

„Циклусите на промена и резултатите од воведените мерки не само кај нас, туку и во многу други земји доаѓаат по три до четири недели. Толку е циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот до видливиот пад на детекција на бројот на заболени. Такви се и нашите очекувања иако е неблагодарно да се даде прогноза, рече Филипче, додавајќи дека кај овој вирус има многу непознати, па така, дел од предвидувањата, не само кај нас туку и во светот не се остварија.

Првиот човек на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата Трилинг на 24 вести објаснува дека размислуваат за сите мерки вклучувајќи локално, регионално па дури и целосно затворање на државата.

„Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме  карантин на целата територија – вели претседателот на Комисијата.


Слично

Поврзани вести