„ДА НЕ СТИГНЕ ДО ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ“: Мицкоски вели дека делуваат секаде каде што постои сомнение за криминал
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се единствената влада која кога ќе види девијантни однесувања реагира, а во однос на Директорот на Агенцијата за земјоделство Илија Стоилов, осомничен дека договорил поткуп од 50 000 евра за ИПАРД договор
„Ние сме единствени кои кога ќе видат девијантни однесувања, реагираат. Опозицијата да не се задскрива зад прашања, нека дадат информации, не да поставуваат прашања. Ги отфрлам тие шпекулации. Нека остават да си ја работиме работата, ама да не стигне до поранешни функционери од нивната влада“, вели Мицкоски.
Во однос на кривичната пријава помеѓу осуммина меѓу кои и поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, вели дека како влада ветиле реакција секаде каде што има основано сомнение поткрепено со докази.
„Од самиот почеток рековме дека секаде каде што постои основано сомневање поткрепено со докази, ќе делуваме. Нема да правиме естрада, нема да упаѓаме дома со специјални единици, но правдата мора да биде наш императив, без разлика кој сторил неправда“, рече Мицкоски.
Вели дека ако се смени Кривичниот законик, секој следен кој ќе биде осомничен ќе се повикува на измените кои ги донесе Собранието кога мнозинство беа СДСМ и ДУИ, со помали казни и порано застарување на делата.