ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Македонија се сеќава на осуммината загинати резервисти кај Љуботенски бачила
Да не се заборави.
На денешен ден пред 19 години загинаа осуммина резервисти кај Љуботенски бачила.
Денеска почит им оддадоа вицепремиерката во заминување Радмила Шекеринска, како и делегација од Кабинетот на шефот на државата.
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ положи венец со свежо цвеќе на Споменикот на загинатите бранители, во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски бачила, соопштија од Министерството за одбрана.

На овој ден, пред 19 години кај Љуботенски бачила загинаа Томе Бадаревски, Бранко Јанев, Марјанчо Бошковски, Раде Јанковски, Гоце Чанкуловски, Томислав Настевски, Ивица Златевски и Томе Димоски.

