ДА НЕ СЕ ПРЕТЕРУВА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ: Илир Хасани вели дека Тетово го достигна пикот
Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки, вели заменикот министер за здравство Илир Хасани.
Додава дека капацитетот на Тетовската болница е флексибилен до 130 места.
„Ние ги гледаме сите параметри во Комисијата за заразни болести, утре во осум часот има нова средба и ќе се дискутира за нови мерки. Лично мислам дека не треба да се претерува со мерките затоа што се контрапродуктивни, како собирањето пред маркети, пред и по карантински денови. И овие мерки можат да помогнат, не може да се каже дека народот е недисциплиниран, туку индивидуи. Јас ги поздравувам совесните граѓани, сметам дека не може да се генерализира. Треба да се одржува дистанца, да се носи маска, да не се прават свадби, прослави и забави“, рече заменик-министерот Хасани.
Со денови Скопје и Тетово се градови со најмногу заразени од коронавирусот. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува за карантин, и очекува дека бројот на заболени ќе паѓа.
Во земјава со денови има над 1.000 заразени, а има и висока бројка на починати.
