Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ

„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот и ги повикува надлежните институции да го истражат случајот.

Оттаму велат дека законот за сите е ист.

„Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на ним, за кои има основани сомнение или пресуди за сторен криминал, шетаат слободно по улиците.

Апелираме до надлежните институции да постапат по случајот и да го истражат до крај“, велат од партијата.




Слично

Поврзани вести