Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да не беше случајот Мавровка, немаше да дознаеме дека во Скопје има 140 дивоградби, градот над нив нема ингеренции

Да не беше случајот Мавровка, немаше да дознаеме дека во Скопје има 140 дивоградби, градот над нив нема ингеренции

Во Скопје има околу 140 објекти кои се дивоградби, но градот нема ингиренции над нив, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој апелираше институциите да си ја завршат работата, а во врска со урнатиот објект пред Мавровка кажа дека на локацијата веројатно ќе може да се изгради само легализираниот објект.

„Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата. Во ’Мавровка‘ во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран“, изјави Шилегов.

А денеска бесправно изградениот објект кај Мавровка, по три дена работа беше срамнет со земја

Активностите започнаа во средата откако владата во вторникот донесе одлука уривањето да го спроведе „Македонија пат“.

Дивоизградениот објект никна на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, кое во мај изгоре во пожар и тоа среде полициски час.

Слично

Поврзани вести