ДА МУ СЕ ДОДЕЛИ ДРЖАВЕН ОРДЕН: Граѓани бараат херојството на Јован да биде наградено
Граѓаните бараат да биде одликуван со државен орден 19-годишниот Јован Костадинов од Виница кој спаси повеќе од 20 млади од пожарот во Кочани, кој изби во неделата во дискотеката Пулс и каде загинаа 59 луѓе.
Tој влегол во објектот и успеал да спаси повеќе од 20 луѓе, откако претходно ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето да се заштити од огнот.
Мајка на едно од децата кои Јован ги спасил јавно му се заблагодари на младиот херој:
„Тој беше надвор за време на пожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата што ја стави преку лицето и без двоумење влезе внатре низ страничната соба за да ги спаси луѓето“, се вели во една од објавите на социјалните мрежи.
Граѓаните бараат државата да го одликува момчето.фото социјални мрежи
Слично
