Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да му помогнеме на чичко Драги од РЕКОРД затоа што заслужува

Да му помогнеме на чичко Драги од РЕКОРД затоа што заслужува

Не се потребни повеќе зборови од она што е напишано. Со малку двоење од себе си можеме да помогнеме некому МНОГУ. Да измамиме насмевка на лицето на чичко Драги и да го натераме да верува дека она што го прави ВРЕДИ.

„Кутијата за донации кај чичко Драги на Рекорд денес стоеше празна. Не верувам дека постојат неупатени кои не слушнале за Драги, човекот кој со години продава ластичиња на Рекорд и ги храни уличните кучиња. Состојбата на Драги е прилично влошена во последните неколку месеци. Прво се гушеше и не можеше да дише, па по направената интервенција и анализата на ткивото кое беше извадено се покажа дека станува збор за неоплазма под епиглотисот која, за среќа, се уште ги нема зафатено лимфните јазли, но мора ИТНО да се оперира!

Драги е социјален случај и преживува со 1800 денари месечно и она што ќе го продаде на Рекорд. Луѓе донираат за гази, храна и превоз за преврски за човеков. Е сега, има здравствено осигурување, но на жалост нема врски на Клиника за уво, нос и грло за да го оперираат ВЕДНАШ пред да се искомплицира уште повеќе неговата здравствена состојба. Бидејќи цела држава ни функционира на молење и просење, секој што е во можност да помогне за Драги дали финансиски или на било кој друг начин, може да ме исконтактира мене, Martina Pavlovik, Andrea Pankovska или Ivana Kostovska.

Не знам како ве учеле вас ама мене ме учеа дека секој човечки живот вреди исто колку што и животите на вашите најблиски.“



Слично

Поврзани вести