Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА МУ ЈА ИСПОЛНИМЕ ЖЕЛБАТА НА РАДЕВ И ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, МОЖЕ И СИТЕ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ - д-р Нико Беќаровски со предлог до пратениците

ДА МУ ЈА ИСПОЛНИМЕ ЖЕЛБАТА НА РАДЕВ И ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, МОЖЕ И СИТЕ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ - д-р Нико Беќаровски со предлог до пратениците

Токсикологот професор д-р Нико Беќаровски со интересен политичи предлог до пратениците од земјава.

„Ве замолувам сите заедно, сплотени, уште на првата собраниска седница, исполнете му ја желбата на г-динот Радев и уште еднаш да ја покажеме познатата македонската широкоградост.

Со внесувањето на Бугарите во нашиот Устав, ќе се направи јасна и неповратна дистинкција меѓу Македонците како конститутивен народ и Бугарите како малцинство во нашата држава, т.е како два различни народи со различна историја и развој.

Воведувањето на бугарскиот јазик во сите општини каде живеат повеќе од 20 отсто Бугари, по автоматизам ќе значи дека се работи за јазик различен од македонскиот.

И за крај уште две бонус мерки, за да не се јават нови вештерки.

Со оглед на "бројноста" на ова малцинство може да одиме и чекор подалеку од официјалното барање и сите Бугари во Македонија да ги внесеме во Уставот со свое име и презиме. Со овој гест на добрососедство, нашиот Устав би се зголемил само за неколку стотини нови зборови.

За да не се "мачиме" дополнително, да ги внесеме во Уставот и сите останати блиски и подалечни народи“, пишува д-р Беќаревски на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести