Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДА КАЖЕМЕ НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“: Протест пред Собрание на движењето „Ниту една повеќе“

„ДА КАЖЕМЕ НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“: Протест пред Собрание на движењето „Ниту една повеќе“

Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третирани од институциите.

Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.

- Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме - ниту една повеќе, беше кажано на настанот.

На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, и беше најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.

Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.

Слично

Поврзани вести