„Да ја спасиме Шар Планина“ со реакција до Владата: Не е можно поврзување со Брезовица
Како може Брезовица да се поврзе со Шар Планина, прашуваат од иницијативата „Да ја спасиме Шар Планина“, по вчерашниот договор потпишан меѓу Република Косово и Северна Македонија за заедничкиот скијачки проект што ќе ги поврзе туристичките центри од двете страни на границата.
Тие се прашуваат како е можно да се вети нешто што не може да се реализира, бидејќи поврзувањетоп не е возможно најмногу поради реката Шкумбин.
„Скијачкиот центарШар Планинат и Брезовица во патната инфраструктура се оддалечени околу 75 километри и во воздушна линија се близу 10 километри, а нивното поврзување и работење како скијачки центар воопшто не е можно поради реката Шкумбин! Кој е начинот на поврзување? Како е можно да се вети нешто што не може да се исполни? Ги врзувате само на хартија. Овие прашања бараат внимание!“, реагираат од организацијата.
На вчерашната средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и премиерот на Македонија, Зоран Заев, беа потпишани 11 договори за соработка.
