Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да им се суди во Хаг, бараат обвинетите за упадот во Собранието

Да им се суди во Хаг, бараат обвинетите за упадот во Собранието

Обвинетите за упадот во Собранието на 27-ми април бараат да им се суди во Хаг. 

Пратеникот Трајко Велјаноски и поранешните функционери Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски не сакаат да им суди Кривичен суд, туку меѓународниот кривичен суд во Хаг. 

Одбранатаова го побарала пред почетокот на седницата за оценка на обвинението. Меѓу аргументите одбраната ги набројува неекстрадирањето на Дејан Давидовски за 27-ми април,  но и одлуките на  Унгарија и Грција да не ги испорачаат поранешниот премиер  Никола Груевски и разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Oд Кривичен им одговориле дека барањето го доставиле на погрешна адреса.

Оценувањето на обвинителниот акт за настаните од 27 април одложено за 23 декември. 

Слично

Поврзани вести