Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да им се помогне на мигрантите во Македонија, Србија и Грција со пренос во други земји

Да им се помогне на мигрантите во Македонија, Србија и Грција со пренос во други земји

Европската унија и националните власти на земјите-членки на Унијата  да обезбедат итна помош за да им помогнат на мигрантите и бегалците во справувањето со ниските температури и снегот во неколку делови на Европа,  Македонија, Грција и Србија како земји каде има „неприфатливи услови“.

Ова го порачаа пратениците во Европскиот парламент.  Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во исто време, европратениците ги повика владите на ЕУ-земјите да ги исполнат своите ветувања за пренос на илјадници баратели на азил во други земји, особено од Грција.

Неколку говорници на седница на Европарламентот повикаа да се послуша очајниот повик на бегалците што се на грчките острови, но како што наведоа „и во други земји, како што се Србија и Република Македонија“ и европратениците посочија дека е „неприфатливо“ што не се реагира, прашувајќи „ колку луѓе треба да умрат од студ за ЕУ ​​да реагира“.

Досега се преселени само 6% од 160.000 баратели на азил, кои треба да се преселат од Грција и Италија.

ЕУ издвојува доволно пари за да и помогне на Грција да се справи со досега невидените услови, но посочи дека „некои слабости на теренот не дозволиле парите добиени од Брисел да се искористат на најдобар можен начин“.


Слично

Поврзани вести