„ДА ИМ СЕ НАЈДАТ НА ДЕЦАТА ЗА НА ПЛАЖА“: Комични реакции за доставата на учебниците по македонски на крајот на годината
На социјалните мрежи, наставници со доза на хумор објавуваат фотографии од учебниците по македонски јазик за петто одделение, кои, како што велат, МОН дури вчера ги доставило до учениците и наставниците, иако крајот на учебната година е на самиот праг.
„ Благодарение на Владата на Северна Македонија, денес 31.5.2023г. од Министерството за образованое и наука ни ги дистрибуираа учебниците по македонски јазик за петто одделение. Сега следува да се завиткаат во заштитни проѕирни фолии и да им се залепат налепници со име и презиме. А може да се завиткаат и со целофан од цвеќара. Зошто да ги ограничуваме децата?“, вели статусот на просветен работник.

Подолу, во коментари, граѓаните реагираат на оваа задоцнета достава на учебници.
„Изгледа за на плажа да им се најдат., Помал срам ќе беше да ја завршеа годинава без учебников отколку ова, ама кому да му текне. Трагикомедија“, гласи еден од коментарите.

„Сега за 3 дена децата да ги вратат за следна генерација и да пополнат формулар за оштетеност на учебниците“, гласат други коментари.
