„ДА ИМ КАЖЕМЕ ЛИ НА КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ ДЕКА ТАЈНАТА ВЕЧЕРА НЕ Е ИКОНА, ТУКУ СЛИКА НА ДА ВИНЧИ“ - не стивнуваат реакциите околу отворањето на Олимписките игри
Не стивнуваат реакциите околу отворањето на Олимписките игри, на кои како една од точките беше своевидна пародија на Тајната вечера.
Јован Стефанов, чии пост го сподели и професирката Мирјана Најчевска пишува:
„Да им кажеме ли на конзервативците дека „Тајната вечера" не е икона, туку слика на Леонардо да Винчи, исто како и сите насликани икони, скулптури или цртежи инспирирани од библиски теми, кои ја носат сопствената претстава на уметникот за тие теми?
И дека Леонардо да Винчи вршел обдукција тајно и против религиозна доктрина, само затоа што сакал подобро да го разбере и репродуцира човечкото тело во време кога тоа било забрането?
А ако им кажеме дека Да Винчи бил геј или бисексуалец, како што покажуваат документите и извештаите од тоа време?
Ма подобро да не им кажуваме.))“, пишува тој на Фејсбук.
Фото: Принтскрин
