Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Да го вратиме Карпош на Карпошани, на убавите населби, зеленило и урбано живеење“: Лукровски кандидат на ВМРО за следните избори

„Да го вратиме Карпош на Карпошани, на убавите населби, зеленило и урбано живеење“: Лукровски кандидат на ВМРО за следните избори

Драги пријатели, роднини, колеги, почитувани соседи! Среќен сум и ми преставува особена чест што ќе влезам во трката за мојот, наш Карпош.

Ова го објави на социјалните мрежи Сотир Лукровски. 

- Искрена благодарност до претседателот Hristijan Mickoski и ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за поддршката да бидам кандидат за градоначалник на Општина Карпош, со чувство на чест, но уште повеќе со чувство на одговорност тргнуваме во победа за Карпош.

Заедно со вас граѓаните тргнуваме по пат, кој не е само политичка кампања, туку и мисија и обврска да изградиме општина на која сите ќе бидеме горди. Општина во која секој граѓанин ќе се чувствува вреден, безбеден и почитуван.

Да го вратиме Карпош на Карпошани, на убавите населби, зеленило и урбано живеење, а не дивеење. Да ги направиме децата горди на нас и нашата работа, тие се иднината на нашиот Карпош.

Карпош може. Карпош заслужува подобро, а јас верувам дека тоа може да се постигне со работа, визија и чесно водство.

Ви ветувам многу работа, транспарентност, достапност, ви ветувам многу љубов за Карпош - пишува Лукровски на Фејсбук.


Кратко по неговата објава пристигна поддршка од повеќе страни



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести