Да го добие најважниот меч: Донирајте за младиот Џонев од Валандово
Ѓорѓе Џонов има 29 години и од неодамна е со дијагностициран рак на белите дробови. Валандово кој е роден град на Џонов се сплоти во акцијата да му помогне на младиот сограѓанин. Семејството не е во можност да обезбеди 100.000 евра, пари потребни за операцијата во Турција. Пријателите се на нозе - Ѓорѓе мора да го изигра овој меч. Најважниот натпревар во животот.
Хуманите луѓе може да донираат на телефонските броеви 143 460 (А1) или 143
113 (Телеком) или директно на сметка.
Слично
