Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, повика ДУИ откако бројот на заразени расте

Да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, повика ДУИ откако бројот на заразени расте

Граѓани да ги избегнуваат фамилијарните собири и да не ги одбиваат тестирањата за Ковид-19.

Демократската унија за интеграции денеска упати ваков апел до населението. 

„Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание. Враќањето во нормалност може да се оствари само преку максималното почитување на мерките, а нашето невнимание и непочитување на мерките може да предизвикува непредвидливи последици кон здравјето, економијата и општеството“, наведуваат од ДУИ.

Деновиве порасна бројката на заразени од Ковид - 19. 

Денес има нови 120 позитивни и 2 смртни случаи. 

Сепак, дел од граѓаните сметаат дека вирусот не постои. 

Од вечерва повторно се враќа полицискиот час. 

Граѓаните затоа навалија во продавниците за да купат храна. 

Слично

Поврзани вести