Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА ГИ ОТФРЛИМЕ ПОДЕЛБИТЕ: Заев го честиташе Денот на македонската револуционерна борба

ДА ГИ ОТФРЛИМЕ ПОДЕЛБИТЕ: Заев го честиташе Денот на македонската револуционерна борба

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација.

„Како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу Македонската револуционерна организација, која ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето. Стремеж за држава на сите и за сите, вели Заев.
Додава дека храброста и одлучноста на сите на кои денес им оддаваме почит имаше своја прва кулминација со Илинденското востание со што беше поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, а нивната саможртва одекна надалеку меѓу народите во слободољубивиот свет.

„Денес, во годината кога одбележуваме 80 години од народното востание и 30 години од независноста, со цивилизациското наследство кое ни го остави македонската револуционерна борба, ги отфрламе политиките на поделбите и водени од желба за подобар живот и благосостојба, ги повикуваме сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, да се обединиме околу создавањето на едно прогресивно и праведно општество за сите.

Како што борбата на македонските револуционери секогаш беше свртена кон иднината, така и денес ја водиме нашата суверена држава во сегашност и иднина во силен сојуз со демократскиот и прогресивен свет потврден со членството во НАТО и со одлучни чекори за членство во Европската Унија, пишува Заев. 

Слично

Поврзани вести