Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да бидеме пообјективни и да се дознае вистината за Делчев, бара бугарски професор

Да бидеме пообјективни и да се дознае вистината за Делчев, бара бугарски професор

Предлогот на Драги Ѓоргиев за паралелни гледишта за Делчев е апсурден, вели бугарскиот професор Кирил Топалов. 

Тој вели дека со ова Бугарија се става пред свршен чин. 

Додава дека Македонија сака да добие зелено светло за преговори  со Европската Унија, но позицијата на Македонија е иста. 

Тврди дека македонските власти на рационален начин се справувале со проблемите, со безначајни фрази. 

Тој, како што пренесува БГНЕС апелира до своите колеги од Македонија да бидат пообјективни.

„Нашиот колегијален апел, со сета почит кон нив, е да бидеме пообјективни, да бидат научници, да им служат на научните тези, а не на политички каузи. Научникот, за разлика од политичарот, го жртвува целиот свој живот за да ја докаже вистината. Политичарите не можат секогаш да се пофалат со овој квалитет, но тоа е апсолутно задолжително за научниците“, вели Топалов.

Во послените месец дена ликот и делото на Гоце Делчев беа тема која ги разгорува македонско - бугарските односи. 

Наскоро комисиите треба да имаат средба и да разговараат. 

ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше протест и порача дека Гоце Делчев е последниот бастион и црвена линија. 

Два услова и тези за македонскиот идентитет и јазик содржи таканаречениот објаснувачки меморандум кој официјална Софија го пратила до земјите членки на ЕУ, а во кој Радио слободна Европа има увид. Во него Бугарија бара поддршка од земјите членки за својата позиција кон напредокот на Македонија во Унијата.

Слично

Поврзани вести