Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, НИЕ ГРАЃАНИТЕ СМЕ ДОЛЖНИ И РОДЕНИТЕ И НЕРОДЕНИТЕ!“ - Костовски - „Владата на Мицкоски влезе во неколку големи кредитни аранжмани“

„ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, НИЕ ГРАЃАНИТЕ СМЕ ДОЛЖНИ И РОДЕНИТЕ И НЕРОДЕНИТЕ!“ - Костовски - „Владата на Мицкоски влезе во неколку големи кредитни аранжмани“

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски вели дека заради кредитните аранжмани на Владата на Мицкоски, од земјава задолжени се и родени и неродени.
„ВМРО-ЗНАМ-ВЛЕН се задолжија 7,5 милијарди евра за 12 месеци, секој граѓанин веќе должи над 5.300 евра-што е највисоко ниво на индивидуален долг досега !

Владата на Мицкоски влезе во неколку големи кредитни аранжмани:

-250 милиони евра од Унгарија за поддршка на македонски компании.

-500 милиони евра, повторно од Унгарија, за отплата на еврообврзницата од 2018, со камата од 3,25%.

-250 милиони евра за општините, за локални капитални проекти.

-6 милијарди евра заем од Обединетото Кралство, најголем во историјата на државата.

-Владата издаде и државни обврзници во висина од 135 милиони евра.

Да бидеме на јасно не е државата должна, ние граѓаните сме должни и родените и неродените !!!“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести