Да беше Заев во 2001 година, немаше да има војна, му рекол Ахмети на Груби
Ахмети ми шепна „да беше Заев во 2001 година, немаше да има војна“, порача денеска првиот вицепремиер Артан Груби по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор.
„На моето прашање дали да беше Заев во 2001 година ќе го потпишеше Рамковниот договор, Али Ахмети ми шепна: ‘Да беше Заев во 2001 година, немаше да се случи 2001 година“, искоментира Груби.
Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно интервју за Дојче Веле по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за интервенцијата на специјалниот претставник на НАТО, Питер Фејт, со евакуација на припадниците на ОНА при фамозната акција на македонските вооружени сили во Арачиново, вели дека била на барање на државното раководство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека нема да дојде на прославата по повод Рамковниот договор.
Едвард Прајс од американскиот Стејт департмент во своето видео-обраќање рече дека САД се гордеат што ја прославуваат, заедно со Северна Македонија, 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој одигра суштинска улога во воспоставувањето на земјата како мултиетничка демократија и спречи поголем конфликт.
