„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, преку својот фејсбук профил ги демантира наводите на одредени, како што ги нарекува, вмровски ботови, дека во изминатиов период „бил околу 20 пати во Грција, но не на шопинг“, туку, како што пишуваат „ да ја заокружи зделката за купување вила во Неа Флогита, Грција“.
„Да бе, лепенка до на Заев вилата (кај шо се среќаваа со Мицко два пати, за да договорат да не го апсат). ... Видовте дека паѓа рејтинг на Мицика, па ај ќе маваме сега лажни вести преку ботовите. Али џабе, ..... Виде народ шо .... сте. Така да, давете се сега во геризот“, пишува меѓу другото, во својот стил Апасиев.
Слично
