Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ - веројатно сме единствена држава во светот со 37 отсто вакцинирани, а 100 отсто поседуваат сертификати

Д-Р ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ - веројатно сме единствена држава во светот со 37 отсто вакцинирани, а 100 отсто поседуваат сертификати

Никој не ја знае точната критичка точка кога експлозијата на новозаразени случаи, ќе ја имаме во нашата држава, смета д-р Злате Мехмедовиќ.

Ова тој го кажа во гостување во дневникот на Тв Сител. 

„Најмногу на удар ќе бидат невакцинираните. Многу мал е бројот на вакцинирани кои завршуваат во болница поради компликации од коронавирусот, и тоа е така во сите земји. Затоа треба да се зголеми процентот на вакцинирани граѓани. Веројатно ние сме единствената држава во светот која има 37 отсто вакцинирани, а веројатно 100 отсто од граѓаните поседуваат такви сертификати“, изјави Мехмедовиќ.

Тој, исто така, дава препорака учениците да се префрлат на онлајн настава, бидејќи веќе не е целосно точно дека помладите полесно го прележуваат коронавирусот.

Слично

Поврзани вести