Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р ВАЉОН АСАНИ ЗА ФАКТОР: „Не знам зошто воопшто се споменува моето име за директор на Кардиохирургија“

Д-Р ВАЉОН АСАНИ ЗА ФАКТОР: „Не знам зошто воопшто се споменува моето име за директор на Кардиохирургија“

Откако јавноста беше разбранувана со веста за разрешувањето на директорот на Државна кардиохирургија, еминентниот проф. д-р Сашко Јовев, почнаа и шпекулациите за негов наследник, интерцентниот кардиолог од Тетово, д-р. Ваљон Асани.

Тој во моментов е надвор од Македонија, па во телефонска изјава за Фактор вели дека информацијата дека тој ќе биде новиот директор на Државна кардиохирургија не е точна.

-Не знам како воопшто моето име почна да се споменува. Ниту имам решение од министерот да застанам на чело на Државна кардиохирургија, ниту пак јас имам такви амбиции. Јас сум максимално посветен на Центарот што го водам, мојот ангажман е тука и навистина не можам да поверувам како и зошто почнаа медиумите да пишуваат дека јас ќе бидам наследникот на професорот Јовев, вели д-р Асани.

Инаку, професорот Јовев е сменет од функцијата поради, како што самиот вели, каприц на министерот. Претходно во изјава за Фактор појасни дека свеченото отворање на хибридната операциона сала во  Универзитетската клиника за државна кардиохирургија било закажано во термин кој бил посочен од страна на премиерот Димитар Ковачевски, што всушност не му се допаднало на министерот за здравство Фатмир Меџити.

- Најверојатно не му се допадна нашата одлука на министерот Меџити кој инсистираше свеченото отворање да биде во друг термин. Поради каприц тој одлучи да ме смени, вели професорот Јовев за Фактор.

За утре е закажана прес конференција на која ќе бидат соопштени сите детали, а вработените во Клиниката за државна кардиохирургија веќе потпишаа петиција со која се противат на разрешувањето на проф. Сашко Јовев.

Анита Буховски

Слично

Поврзани вести