Д-Р ТРАЈКОВСКИ Е ДЕЛ ОД МЕДИЦИНСКИОТ ОЛИМПИСКИ ФЕСТИВАЛ. „Прв пат да сум вака разочаран и усрамен и не толку од државата, колку од народот“
Деновиве во Македонија се одржуваат Европските младински олимписки игри. Покрај бројните инциденти кои се споделуваат на социјалните мрежи, се огласи и докторот Бојан Трајковски кој вели дека има големи пропусти и нагласи дека е многу разочаран.
„Деновиве сум дел од медицинските тимови на моменталниот младински олимписки фестивал и ФАКТ е дека има пропусти ама нешто друго е поголем ФАКТ. Правиме ѓубре секаде, сме станале ОГРОМНИ неработници, никакво гостопримство не покажуваме, не не интересира апсолутно ништо да помогнеме, целосно неми гледачи во се што се случува без никаква ЕМПАТИЧНОСТ!
Прв пат да сум вака разочаран и усрамен и не толку од државата, колку од народот кој е станат ужасно индиферентен и незаинтересиран за своево, за МАКЕДОНШТИНАТА која мислам дека никој нема сфатено што всушност значи!“, напиша тој.
