Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Стојанов за Фактор: Бројките кажуваат дека вирусот е поактивен, поинфективен и посмртоносен

Д-р. Стојанов за Фактор: Бројките кажуваат дека вирусот е поактивен, поинфективен и посмртоносен

Мерките кои ги препорачуваме како Комисија за заразни болести, треба да донесат поголем бенефит, отколку штета на државата, смета директорот на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата, д-р. Александар Стојанов.

За Фактор вели дека основно нешто што гледаат се бројките, кои во моментов се алармантни и во однос на новозаразени и посебно во однос на починати лица.

-Луѓето во Македонија треба веќе да сфатат дека ова е навистина многу сериозна болест, заразата лесно се пренесува и во многу случаи, посебно кај пациенти кои имаат коморбидитети завршува фатално. Со ова нема играње. Иако за ова повеќе може да зборуваат микробиолозите и вирусолозите, според бројките пак, кои ги гледаме ние епидемиолозите, вирусот сега е многу поактивен, поинфективен и посмртоносен, вели д-р. Стојанов во изјава за Фактор.

Според него, членовите на Комисијата за заразни болести се уште не се за воведување полициски час, односно комплетна блокада во државата, бидејќи тоа е крајно непопуларна мерка. Но, во случај, да има огромен наплив на пациенти во болниците, и со цел да нема колапс на здравствениот систем, можно е наскоро да препорачаат и други постоги мерки за намалување на трансмисијата на корона вирусот.  

А.Б.

Слично

Поврзани вести