Д-р: Стефановиќ: Кај некои пациенти состојбата рапидно се влошува кога ние очекуваме крај на болеста
Намалувањето на бројот на новоинфицирани секако ќе придонесе да се намали бројот на смртни случаи, но во времето што следува, вели директорката на Инфективна клиника Милена Стевановиќ за ТВ Сител.
Од сите големи бројки што досега ги имавме, но и фактот што кај одредени пациенти се влошува состојбата, кое не мора да биде во истиот момент, туку и после одреден број на денови, болничките капацитети се се уште исполнети.
Инфективната клиника последна ќе се испразни. Сега секако притисокот е понизок од изминатите недели.
Овој последен бран и новиот развој на клиничката слика придонесе во сите центри да се лекуваат исклучително тешки болни и тоа е наше секојдневие во изминативе неколку недели. Да, клиничката слика во овој бран имаше извесни промени, како во побрзо влошување за одреден број на пациенти, значи брзо во почетокот, или, пак спонтано, но со рапидно влошување кога кај тој пациент очекуваме крај на болеста. Зголемени темепаратури, полоши лабораториски анализи и многу повеќе кај младите во споредба со претходниот бран.
Се надеваме, но извесни се можности да има и нов бран, затоа мерките за заштита мора да се почитуваат, особено додека сме во процес на вакцинација, и меѓу дозите на примање на вакцината рече Стевановиќ.
Лично не верува дека олеснувањата за празниците ќе доведат до четврти бран.
