Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Софијанова: Јас сум оптимист дека во земјава нема да дојде до италијанското сценарио

Д-р. Софијанова: Јас сум оптимист дека во земјава нема да дојде до италијанското сценарио

Доктор Аспазија Софијанова, познат педијатар од Детската клиника, е оптимист дека во земјава нема да дојде до италијанското сценарио, со огромен број заболени за кои нема место во болниците.

Ова таа го изнесе во своето гостување вчера на емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. 

„Моето сценарио е пооптимистично, јас не мислам дека ќе дојде до италијанското сценарио. Онаа близина и онаа топлина што ние како народ ја носиме во себе, да се прегрнеме, поздравиме, бакнеме, веќе научивме дека тоа нема да можеме да го правиме. Туку, ќе мора да се држиме во таа разумна дистанца и да знаеме дека поздравувањето би можело да значи одреден ризик. Значи, прво научивме дека дистанцата мораме да ја запазуваме, и тоа го дебатираме секојдневно, дали ќе биде еден метар, 1,5 или два метри“, објасни Софијанова.

Таа смета дека не е непотребна препораката за носење на маски на отворено.

„Второ, веќе го имаме оној енграм во мозокот дека мора да се носи заштита, значи маска, за чие неносење во одредени земји веќе се препорачуваат високи казни. Околу тоа дали маската мора да се носи само во затворени простории, или исто така, и на отворено, би кажала дека никогаш не знаете со кого ќе се сретнете, па дури и кога трчате, и не знаете кој може да ви дојде во пресрет“, објасни доктор Софијанова. 

Слично

Поврзани вести