Д-Р САШКО НИКОЛОВ УЧЕСТВУВАЛ НА ТУРНИР ВО СУБОТИЦА И ТАМУ СПАСИЛ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ - еве што се случувало
Штипскиот кардиолог Сашко Николов, кој во минатото беше и градоначалник на Штип, спаси живот на лице за време на меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица, објави ТВ 21.
Откако завршил натпреварот, еден од учесниците паднал во бесознание од масивен срцев удар. Лицето не давало никакви знаци на живот, па реагирал докторот Николов, кој и самиот бил учесник на овој турнир.
Брзата и стручна реакција биле клучни да се спаси животот.
Николов направи уште еден професионален подвиг, и со тоа доби пофалница, медал и аплаузи од жителите на Суботица.
Слично
